6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДобивка за Ајакс во вредност од 18.2 милиони евра

Добивка за Ајакс во вредност од 18.2 милиони евра

ajaks logo

Холандскиот гигант Ајакс објави добивка во вредност од 18.2 милиони евра за финансиската сезона 2012-2013.

Ова се должи на продажбата на некои од главните фудбалери на холандскиот шампион. Пред околу 12 месеци „бело-црвените“ регистрираа добивка од 8.5 милиони евра.

Следната година раководството на тимот од Амстердам очекува уште поголеми приходи.

Ајакс го продаде Јан Вертонген на Тотенхем, како и Грегори ван дер Вил во ПСЖ и Вурнон Анита во Њукасл со вкупна вредност од повеќе од 25 милиони евра.

Вкупните приходи на клубот од Амстердам за сезона 2012-2013 се 105.6 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП