3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМоќна комбинација која го штити срцето: Две намирници ги уништуваат вирусите

Моќна комбинација која го штити срцето: Две намирници ги уништуваат вирусите

Одредени намирници, според советите на нутриционистите, често се комбинираат една со друга за да се извлечат максимални придобивки за нашиот организам од нив. Една од тие популарни комбинации се ѓумбирот и лукот.

Нутриционистката Ловнит Батра на својот Инстаграм профил проговори за здравствените придобивки од заедничкото консумирање ѓумбир и лук, кои се многубројни.

  1. Лукот и ѓумбирот имаат хранливи материи кои го штитат срцето и можат да помогнат да се намалат некои фактори на ризик од срцеви заболувања.
  2. Заедно, овие две намирници содржат моќни антиинфламаторни растителни соединенија кои можат да помогнат во инхибирање на проинфламаторните протеини поврзани со хронично воспаление.
  3. Лукот содржи моќни соединенија како што е алицин, кој убива многу паразити, габи и вируси и диалил сулфид, додека моќните антивирусни и антибактериски својства на ѓумбирот помагаат во зајакнувањето на имунитетот, вели таа.

Освен ѓумбир и лук, овој нутриционист советува и редовно консумирање ориз за подобро здравје на цревата.

Според неа, благодарение на супстанциите што ги содржи, оризот делува на внатрешната обвивка на цревата и желудникот, олеснувајќи го варењето. Таа исто така објаснува дека белиот ориз има малку влакна, благ е и лесно се вари, што го прави добра опција за луѓе со дигестивни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП