2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет намирници можат да ви ја спасат тироидната жлезда: тие се задолжителни...

Пет намирници можат да ви ја спасат тироидната жлезда: тие се задолжителни во вашата исхрана

Нормалното функционирање на тироидната жлезда е неопходно за одржување на здравјето на целиот организам. Кога не функционира правилно, доаѓа до зголемување или намалување на телесната тежина, пореметување на менструалниот циклус, а кога не се лекува подолго време може да доведе до хипертензија и дијабетес.

Функционирањето на тироидната жлезда може да се подобри со правилна исхрана, па затоа ви ги наведуваме намирниците кои ги препорачуваат лекарите.

Сите видови јаткасти плодови се исклучително добри за здравјето. Но, за тироидната жлезда, треба да го зголемите внесот на бразилски ореви и лешници бидејќи тие се преполни со селен кој промовира здрава функција на тироидната жлезда. Одлични се и како ужина на работа, затоа земете торба со себе и грицкајте кога ќе почувствувате пад на енергијата.

Млечни производи

Млечните производи како млекото, сладоледот и јогуртот се богати со јод. Ако телото има помала количина на јод, тоа може да доведе до зголемување на тироидната жлезда и оваа состојба е позната како гушавост. Затоа е важно во исхраната да ги вклучите млечните производи со малку маснотии, за да му обезбедите на организмот доволни количества јод.

Школките се богати со јод

Само 85 грама ракчиња (околу 4 или 5 парчиња) содржат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна доза на јод. Затоа нивното конзумирање особено се препорачува за лица кои имаат проблеми со тироидната жлезда.

Свежи јајца

Јајцата се нарекуваат суперхрана, а во случајот со тироидната жлезда се исклучително корисни бидејќи содржат и јод и селен во добри количини. За да извлечете максимум од јајцата, јадете ја и жолчката и белката. Сепак, треба да се внимава на начинот на кој се подготвуваат јајцата поради холестеролот. Варените јајца се најдиететски, а омлетите се најопасни, особено ако имаат додатоци како сланина. Лекарите тврдат дека количината на едно јајце дневно е потврдена како апсолутно безбедна дури и за срцевите болни.

Печена риба

Рибите како што се бранцин, лосос или скуша се полни со омега-3 масни киселини, како и селен, кои го намалуваат воспалението и помагаат правилно да се управува со функционирањето на тироидната жлезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП