29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку долго клиентите чекаат за испорака на нови автомобили? (ФОТО)

Колку долго клиентите чекаат за испорака на нови автомобили? (ФОТО)

Многумина од оние кои нарачале нов автомобил во 2022-ра година ќе мора да чекаат долго време за испорака. Тесното грло е предизвикано од недостатокот на чипови во автомобилската индустрија, а голема улога игра рускиот напад врз Украина.

И покрај оптимистичките прогнози, ситуацијата сѐ уште не е подобрена. Купувачите на автомобили сè уште треба да имаат многу трпение. Просечното чекање за нарачан автомобил во моментов е девет месеци, според анализата на онлајн пазарот на нови автомобили на „Carwow“.

Нема вистинска разлика помеѓу чекање модели со SUS мотори и електрични автомобили.

„Volvo V60 Cross Country“ моментално е рекордер по должина на чекање за испорака, бидејќи купувачите на овој модел треба да бидат трпеливи дури 22 месеци.

„Audi Q4 e-tron“ му е зад петите со рок на испорака од 20 месеци. Многу трпение е потребно за моделот „Porsche 911 Carrera“ (19 месеци), „Skoda Enyaq iV“ (18), како и моделите „Kia EV6“ (18) и „Sorento“ (16).

Кој ќе избере „VW Touran“ ќе мора да почека 14 месеци, додека некои модели моментално не се ни достапни за нарачка.

Се очекува оваа криза да попушти до крајот на годинава.

Ова се автомобилите за кои клиентите најдолго чекаат:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП