2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOTP очекува стабилна добивка во оваа и наредната година

OTP очекува стабилна добивка во оваа и наредната година

otp1

Најголемата унгарска банка „OTP“ очекува дека во оваа и во наредната година ќе го задржи нивото на добивката која ја остварува од 2008 година, изјави заменик лидерот Даниел Гурис.

„Во годините по рецесијата во 2008 година „OTP“ оствари прилично стабилна добивка. Таквата профитабилност произлегува од многу значајните приходи од надомести, но и од различните потрфолија за голем број на земји кои можат да обезбедат таква стабилна профитабилност“, изјави Гурис.

На прашањето дали овие прогнози важат и за оваа и за наредната година, Гурис одговори потврдно.

Исто така, тој напомена дека банката би можела да забележи пресврт во кредитните пласмани во првата половина од наредната година, со претпоставка дека нема да се случат несакани настани. Претходно оваа година од „OTP“ прогнозираа дека растот на банкарските кредити оваа година би можел да биде пригушен.

Унгарските банки се погодени од слабата состојба во економијата на Унгарија, како и казнените мерки од владата, како што се највисоките даноци во финансискиот сектор во цела Европска унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП