27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини ќе го замени Терим?

Манчини ќе го замени Терим?

mancinii

Третиот престој на Фатих Терим како тренер на Галатасарај заврши изненадувачки, откако раководството одлучи да се раздели со него во вторникот.

Турските медиуми објавија дека фаворит за негов заменик е поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Роберто Манчини. Медиумите во Италија објавија дека веќе дури се започнати преговорите.

Клубот објави дека го прекинале договорот на Терим по неговото одбивање да го прифати предлогот за продолжување на соработката за уште две години. Во соопштението до медиумите од Галатасарај велат дека „развојот на нештата“ почна да ги крши клупските вредности.

Според турските медиуми, во последно време се зголемија разликите помеѓу Терим и раководството на истанбулскиот тим.

„Прво и најважно – нашиот борд на директори се одговорни за зачувување на овие вредности и нивно предавање на идните генерации“, се вели во соопштението на клубот.

„Како дел од таа одговорност во желбата да го спречиме растурањето на нашата заедница, бордот на директори одлучи да го извести г- дин Терим дека договорот му е прекинат”, дополнуваат оттаму.

Во моментов Галатасарај се наоѓа на 11 -то место во првенството, но со натпревар помалку, кој ќе го добијат службено поради инцидентите на дербито со Бешикташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП