28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКакви лажни имиња користат познатите личности кога резервираат хотел

Какви лажни имиња користат познатите личности кога резервираат хотел

Замислете го ова: хотел добива повик да резервира соба или цел кат под името на славна личност. Се создава големо лудило, медиумите дознаваат и сите ја резервираат соседната соба претворајќи го местото во хаос. За да го избегнат ова, познатите личности користат лажни имиња.

Американски таблоиди пишуваат за необичните псевдоними на ѕвездите, некои се смешни или неочекувани. Многу од нив беа обелоденети за време на хакерскиот напад врз „Сони“ во 2014 година, а деновиве таблоидите повторно потсетија на нив.

Кевин Костнер – телохранителот

Се чини дека Кевин Костнер не може да ја заборави својата култна улога како телохранител на Витни Хјустон  во филмот The Bodyguard. Затоа сака да го користи името на неговиот лик: Френк Фармер.

Ким Кардашјан – принцеза

Претприемачката и реалити ТВ-ѕвезда обично ја користи принцезата Јасмин како свое име кога патува.

Том Хенкс има две лажни имиња
Оскаровецот има два прекара: Хари Лаудер и Џони Мадрид.

Бијонсе е Ингрид
Поп-кралицата го користи името Ингрид Џексон за да остане незабележана кога резервира хотел.

Џад Ло или г. Пери
Едноставно. Британскиот актер патува под името г. Пери.

Џорџ Клуни користи име на друга славна личност
Најинтересен е начинот на кој Џорџ Клуни останува прикриен со користење на името на Арнолд Шварценегер. Со ова уште еднаш ја покажува добрата смисла за хумор.

Псевдонимот на Џенифер Анистон е еден од ликовите на Анџелина Џоли
Болно оригинален, псевдонимот на Џенифер Анистон е Г-ѓа Смит, ликот што Анџелина Џоли го глумеше кога Бред Пит се заљуби во неа и се разведе од Анистон. Таблоидите признаваат дека смислата за хумор на Анистон е и уникатна и извртена.

Иницијали на Бред Пит
Брајс Пилаф е измисленото име што актерот го користи за да патува низ светот. Иако двете први букви се совпаѓаат, никогаш не би погодиле кој стои зад алијасот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП