18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОваа година се враќа популарната серија телефони на „Samsung“

Оваа година се враќа популарната серија телефони на „Samsung“

„Samsung“ одлучи да го прескокне објавувањето на телефонот „Galaxy S22 FE“ во минатата година, но популарната серија може да се врати оваа година.

Новите извештаи од Јужна Кореја сугерираат дека серијата „Fan Edition“ ќе се врати во 2023-та година, а најавата за телефонот „Galaxy S23 FE“ се очекува во август или септември.

Серијата „Galaxy FE“ стекна популарност во текот на 2020-та година, преку моделите „Galaxy S20 FE“, кои беа испорачани во над 10 милиони единици само во текот на таа сезона.

„Galaxy S21 FE“ не постигна таков успех, што го принуди „Samsung“ да ги преиспита своите планови кога станува збор за серијата „FE“.

Врз основа на најновите извештаи, „Samsung“ ќе ја прескокне најавата за моделот „Galaxy A74“ и ќе се фокусира на воведување на телефонот „S23 FE“ на повеќе пазари.

Се очекува претстојниот телефон „Galaxy S23 FE“ да го користи моменталниот најмоќен чипсет – Snapdragon 8 Gen 2 или минатогодишниот Snapdragon 8+ Gen 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП