2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто ќе се случи ако еден месец јадете по две банани дневно?

Што ќе се случи ако еден месец јадете по две банани дневно?

Многу пати сме пишувале за ова чудесно овошје – бананата и нејзините фантастични ефекти врз нашиот организам.

Покрај тоа што токму со бананите може значајно да го ублажите предменструалниот синдром, да ја регулирате работата на дигестивниот тракт, да го намалите холестеролот и да го нормализирате крвниот притисок, ова популарно јужно овошје може буквално да направи чудо за вашиот тен, за косата и ноктите.

Ако досега не сте консумирале често банани, ви предложуваме да направите мал експеримент и само еден месец да јадете по две банани дневно, а резултатите секако нема да изостанат. Ќе забележите дека коренот на вашата коса е зајакнат, а вашиот тен ќе биде значајно понежен и позатегнат.

Доколку имате проблем со акните и неправилностите на кожата, бананите токму поради магнезиумот кој што го содржат би требало да ви помогнат да го решите и тој проблем.

Ако пак имате проблем со констипација наутро на празен желудник, откако ќе испиете чаша топла вода со лимон, почекајте неколку минути, а потоа изедете една зрела банана.

Од друга страна пак, ако боледувате од стомачен вирус и имате проблем со дијареа, се препорачува жолта полу-зрела банана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП