Намалена еластичност, црвенило, лупење – студеното време може да биде многу грубо со нашата кожа. Во зимскиот период потребно е да ѝ посветите на вашата кожа дополнителна нега за да ја заштите од сушење и прерано стареење. За да изгледате и да се чувствувате одлично, клучно е да ѝ овозможите интензивна и долготрајна хидратација на вашата кожа. Во рутинската нега вклучете длабинска хидратација бидејќи студoт и ветерот ја нарушуваат функцијата на природната бариера на кожата, што предизвикува зголемено губење на влажноста низ кожата.

Во зима први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имааат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата. Затоа линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи, кои покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Овие производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за EUCERIN BODY 5% UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање и Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело.


