После напорниот ден, на сите нас ни е потребен едноставен и ефикасен начин да ја поттикнеме енергијата. Овој напиток е одличен начин за тоа, а можете да го подготвите лесно и брзо.
Овој напиток ќе ви помогне да се вратите во форма по напорниот ден, а што е многу важно не содржи никакви вештачки супстанци, па нема потреба да бидете загрижени за вашето здравје.
Состојки:
– 200 мл вода
– 2 лажички мед
– шолјичка свежо исцеден лимонов сок
Помешајте ги трите состојки. Мешајте убаво за медот да се растопи. Уживајте во овој напиток кој ќе ви ја поврати енергијата и ќе ви го поправи расположението.