3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНекои симптоми на анксиозност не е секогаш лесно да се препознаат....

Некои симптоми на анксиозност не е секогаш лесно да се препознаат. Еве кои се суптилни знаци

Кога мислите на анксиозност, веројатно помислувате на најочигледните знаци – нервозно потење, чувство на вознемиреност или постојано загриженост. Сепак, анксиозноста може да се манифестира на безброј начини, за кои многу не сме ни свесни. Според WebMD, овие суптилни знаци на анксиозност веројатно не се искачуваат на ниво на пореметување, но тие можат да се мешаат во нашите животи на многу различни начини, од кои ниту еден не е пријатен.

„Пред многу години разговарав со колешка на работа која забележа дека имам голема социјална анксиозност што добро ја криев. Почувствував физичка непријатност кога таа го рече тоа, но веднаш знаев дека ја виде правата вистина. Многумина од нас претпочитаат да не размислуваат за себе дека се анксиозни затоа што тоа го гледаат како одреден вид слабост или личен неуспех. Сепак, сосема е нормално сите од време на време да се чувствуваме вознемирени. Колку почесто можеме да ја препознаеме анксиозноста кај самите себе, толку полесно ќе биде да го спречиме да ги контролира нашите животи на начини за кои не сме ни свесни“, предупреди клиничкиот психолог Сет Џ. Гилихан, кој посочува неколку суптилни знаци на кои треба да се посвети посебно внимание.

-постојано планирање однапред
-избегнување на спонтаност
-вечна преокупација со обврските
-перфекционизам
-избегнување на друштвени ситуации
-физичка напнатост
-проблеми да се потпрете на други
-честото консумирање алкохол во друштво
-одложување на обврските или договорите
-завршување на задачите што е можно побрзо, дури и пред крајниот рок
-постојано извинување на другите
-избегнување на какви било ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП