20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманската авто-индустрија оптимистички ја започна оваа година

Германската авто-индустрија оптимистички ја започна оваа година

Економските услови за германските производители на автомобили и нивните добавувачи значително се подобрија во јануари, покажува најновото истражување на минхенскиот институт за економски истражувања Ifo.

„Индикаторот за тековните услови за германската автомобилска индустрија се зголеми од 3,4 поени во декември на сегашните 14,1 поени“, објави Ifo.

Деловните очекувања се позитивни за прв пат по пет месеци. Индикаторот се зголеми од минус 4,9 поени во декември на 10,7 поени во јануари.

„И покрај ова, очекувањата за извоз остануваат ниски“, нагласи Оливер Фалк, директор на Ifo центарот за организација на индустријата и новите технологии.

Како што истакнува во Ifo, голем проблем останува недостигот на суровини и квалификувани работници. Но, според нивните изјави, компаниите јасно веруваат дека можат доволно добро да се прилагодат на тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП