28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ferrari“ собори нов рекорд

„Ferrari“ собори нов рекорд

„Ferrari“ постави нов рекорд на продажба во 2022-ра година, бидејќи испорача 13.221 автомобил ширум светот, во споредба со 11.155 во 2021-ва година.

Нето добивката исто така достигна ново највисоко ниво од 939 милиони евра, додека во 2021-ва година таа бројка беше 833 милиони евра.

Регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA) беше најголем за „Ferrari“ во 2022-ра година со испораки од 5.958 возила, што е зголемување од 5.492 единици во 2021-ва година. Продажбата во Америка била 3.447 единици, од 2.831 во 2021-ва година. Купувачите во Кина, Хонг Конг и Тајван купиле 1.552 автомобили, во споредба со 899 во претходниот период. Остатокот од пазарот во Азија Пацифик (APAC) изнесува 2.264 единици, од 1.933 во 2021-ва година.

Вкупниот приход на „Ferrari“ во 2022-ра година изнесуваше 5,095 милијарди евра, што е за 19 отсто повеќе од 2021-ва година. Продажбата на возила и резервни делови донесе 4,341 милијарди евра, што е зголемување за 22 отсто. Договорите за брендирање и спонзорство го сочинуваа вториот најголем дел од бизнисот со 479 милиони евра.

„Ferrari“ проценува дека 2023-та година може да биде уште подобра од минатата година. Нето приходот се очекува да биде околу 5,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП