
Овен (21.03 – 20.04)
Успешно сте ги решиле финансиските проблеми и многу сте задоволни со она што сте успеале да го постигнете досега. Во љубовта можно е да сте излегле од врска која емотивно ве променила на некој начин.

Бик (21.04 – 21.05)
Имавте многу деловни обврски во изминатиов период и сега е време за одмор. Одморете се психички. Во љубовта ве очекува прилика да влезете во многу убава врска со лице кое неодамна сте го запознале.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Влегувате во поволен период на полето за финанси. Пред вас е фаза во која генерално може доста нешта добро да тргнат. Во љубовта слободните ќе имаат шанса за една интересна љубовна врска.

Рак (22.06 – 22.07)
Ќе решите сериозно да им се посветите на деловните обврски и во меѓувреме ќе решите и некои проблеми кои ви стоеле на патот. Во љубовта можете да очекувате дека ќе уживате во флертот со лицето кое ви се допаѓа.

Лав (23.07 – 22.08)
Ќе ги остварите своите желби на деловен план и задоволно ќе ги следите резултатите од својот труд и залагања. Доколку сте во брак може да очекувате многу добар период во односот со саканото лице.

Девица (23.08 – 22.09)
Можеби мислите деа некои битки се загубени но ќе сфатите дека денес сепак ќе добиете некоја нова шанса. Во љубовта ве очекуваат многу возбудливи и убави случувања кога станува збор за полето за емоции.

Вага (23.09 – 22.10)
Успеавте да решите некои финансиски проблеми и ќе почувствате навистина големо олеснување. Пед вас е поволна фаза за работа. Во љубовта ве очекува поволен ден за флерт и нови познанства.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можете да се надевате дека се ќе оди онака како што сте очекувале. Нема да постојат непредвидени компликации кај вас. Во љубовта состојбата ќе биде стабилна без турбуленции.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес нема целосно да и се посветите на работата. Ќе имате прилика малку да одморите и да се опуштите. Емотивни сте но не ви е лесно да му покажете на партнерот се што чувствувате.

Јарец (22.12 – 20.01)
Ве очекува важен разговор во кој ќе одлучите за иднината на вашата деловна ситуација. Во љубовта ви се допаѓа лице кое крие некоја тајна или води паралелен живот.

Водолија (21.01 – 19.02)
Денот е поволен за вас. Можете да очекувате дека ќе имате налет на инспирација и нови идеи кои можат да ви бидат корисни. Ве привлекува некое мистериозно лице, не можете да престанете да мислите на него.

Риби (20.02 – 20.03)
Ви доаѓа прилика да остварите успех за кој многумина ќе дознаат. Ве очекува добар период за напредување. Во љубовта ве очекува пријатен ден кој ќе го посветите на вашата љубов.