9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦената на нафтата се зголеми заради оптимизмот околу американската економија

Цената на нафтата се зголеми заради оптимизмот околу американската економија

oilprice

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа благ пораст, како резултат на оптимистичките прогнози за заздравување на американската економија, по објавувањето на последните статистички податоци за стапката на невработеност, продажбата на недвижности и вкупниот стопански раст.

На електронското тргување на Њујоршката берза америкнакста „лесна“ нафта за испорака во март денеска се продава за 96,02 долари за барел, што е за 14 центи повеќе во споредба со нејзината вредност во петокот.

На Берзата во Лондон пак европскиот „брент“ од Северното Море претпладнево поскапе за 10 центи на 113,18 долари за барел.

Аналитичарите нагласуваат дека растот на цените на нафтата се должи на оптимиситчките прогнози околу економското заздравување во САД.

Ако економскиот раст на САД во последниот квартал од 2012 година биде околу 1,5 отсто, тогаш ланскиот просек ќе достигне околу два проценти, што укажува на споро, но стабилно заздравување на американската економија, оценува сингапурската банка ДСБ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП