23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – шефот на Австралија опен...

Ѓоковиќ го обвинуваа дека ја лажирал повредата – шефот на Австралија опен ги откри медицинските наоди

Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата.

Ѓоковиќ во Мелбурн допатува со сериозна повреда, со која се здоби во полуфиналето против Данил Медведев, на турнирот во Аделаида.

Повредата му правеше проблеми во првите три кола. Повредата како да исчезна кога Ѓоковиќ во лекарскиот тим ја ангажираше докторката Маријана Ковачевиќ.

Поради тоа се појавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна.

На страната на Ѓоковиќ застана директорот на Австралија опен, Крег Тајли, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа:

„Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли.

„Имаше пукнатина од три сантиметри. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да го направи ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално. Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу нешта за да ја освои 10. титула на Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП