19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧистачи, промотори, масери, работа во сендвичара: Пред славата, холивудските ѕвезди ги работеле...

Чистачи, промотори, масери, работа во сендвичара: Пред славата, холивудските ѕвезди ги работеле најтешките работи

Големите имиња на Холивуд воделе сосема обичен живот пред ѕвездените патеки. Нивните оригинални занимања биле малку платени, но им ппослужиле како влез во светот на познатите.

Џек Николсон најпрвин учел кај познатите аниматори Вилијам Хана и Хозе Барбера, креаторите на „Скуби Ду“ и „Каменко и Кременка“. Му билопонудено да го позајми гласот во анимирани филмови.

Сакајќи да ја изгради својата кариера, тој ги одбил бидејќи сакал вистинската улога.

Николсон не е единствениот кој на овој начин влезе во светот на познатите. Комичарот Дени ДеВито по завршувањето на средното училиште работел како фризер во салонот на неговата сестра, а понекогаш дури и ја средувал косата на починати клиенти.

Никол Кидман завршила курс и станала масерка за да и ги олесни болките на мајка си по хемотерапијата, бидејќи не можеле да си дозволат масажи. Никол подоцна им помагала на другите работејќи како масерка.

Оскаровката Вупи Голдберг првично работела како козметичар во мртовечница.

Манекенката и актерка Меган Фокс најпрвин заработила пари како промотер на продавница за смути во Флорида, но облечена како џиновска банана.

Маргот Роби исто така имала многу чудно занимање. Имено, таа правела сендвичи во популарниот ланец за брза храна „Subway“ и била мајстор во својот занает.

Холивудскиот заводник Бред Пит работел како промотер – облечен во костум на пилешко и ги канел гостите да го посетат холивудскиот ресторан „Ел Поко Локо“.

Ниту Џорџ Клуни не поминал подобро – продавал осигурување од врата до врата, но и чевли.

Ченинг Тејтум бил стриптизер, а Метју Меконахи чистел кокошарници додека бил студент на размена во Австралија.

Силвестер Сталоне ги чистел кафезите со лавови во зоолошката градина во Централ Парк, а Кристофер Вокен работел како скротувач на лавови во циркусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП