27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.02.2023

Дневен хороскоп 01.02.2023

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Имате потреба да ги контролирате сите сегменти од животот и не дозволувате ништо да ви го наруши задоволството. Меѓутоа денес некои работи од минатото можат да ви внесат немир во душата и да ве натераат да се преиспитувате. Знаете дека сте ги преземале сите мерки за да ви оди добро на кое било поле, но како тоа да не е доволно за да бидете среќни. Бидете внимателни со трошоците.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку оставите нерешени работи само ќе се вртите во круг и нема да можете да се одлепите од минатото. Вам ви се потребни нови почетоци и затоа морате да бидете посериозни во однос на старите и незавршени обврски. Парите што ги очекувате нема да пристигнат ни денес. Очекувајте ги во текот на следната недела.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес ќе имате убав ден полн со надежи и планови за иднина. Работите ви одат од рака и треба да ги искористите шансите што ви се даваат. Единствен проблем ви се партнерските односи и неможноста да најдете заеднички јазик со партнерот. Тој упорно се труди да ви го наметне своето мислење како единствено правилно. Без грижи, сепак ќе ги надминете проблемите.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Расположението се уште не ви е на она ниво на кое би требало да биде, но надежта за подобра иднина секојдневно ви се зголемува. Интуицијата ви вели дека се наоѓате на раскрсница и дека ќе го одберете најдобриот пат за вас. Денес е можно изненадување од страна на домашни пријатели. Можеби е тоа гласот што одамна го очекувате.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е можно изненадување во вид на поголем финансиски прилив. Може да се работи за пари за веќе изработена работа или за аванс за некоја идна работа. Партнерските односи се уште се тешки и можете да бидете среќни дека зголемената работа ви го одвлекува вниманието од неговите забелешки. Доколку сте слободни, можна е средба со една личност од минатото со која не сте останале во добри односи.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Расположението ви е променливо и цело време очекувате да се случи чудо кое ќе ве извлече од монотонијата. Денес очекувајте изненадување во врска со пат во странство или со странци. Тоа малку ќе ве разниша и ќе ви ја врати насмевката. Доколку сте осамени, се наоѓате во ситуација да избирате, но не знаете што сакате.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Не возбудувајте се и прифатете некои нови работи додека старите повторно почнат да се реализираат. Доколку сте вработени во некоја фирма, ситуацијата на работното место е стабилна и нема потреба да се возбудувате поради гласовите кои повремено доаѓаат до вас. Доколку се обидувате да го вратите стариот партнер, размислете добро дали е тоа добро решение за вас.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можно е да добиете шанса за промена на работното место, а вие да не можете да се одделите од старите колеги. Вие сте роб на навиките и тешко се менувате. Меѓутоа, денес ќе добиете понуда која нема да можете да ја одбиете. Ви треба време да размислите, но секако ќе го одберете она што ви е финансиски поисплатливо.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку сте осамени, вашата заинтересираност за една постара личност е забележлива и веќе не можете да ја скриете љубовта што ја чувствувате. Бидете внимателни и не дозволувајте никој да си поигрува со вас. Личноста ве држи во резерва за секој случај ако не и се остварат плановите што ги има. Плановите на деловното поле полека но сигурно ви се исполнуваат.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес е можно да дојде до мала расправија со шефот во врска со вашите финансии. Бидете внимателни и не избрзувајте, затоа што последиците можат да бидат многу лоши за вас. Трошоците околу еден помлад член од вашето семејство ќе се зголемат и тоа ќе ве натера да размислувате за дополнителна работа.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку имате планирано некој нов проект, денес е можно да добиете некој глас во врска со неговата реализација. Финансиите се уште не се такви какви што би сакале, но некои знаци кои се појавуваат ветуваат дека подобрувањето е на пат и ќе се случи во најскоро време. Партнерот постојано ви забележува дека не си ги завршувате обврските на време. Обидете се да се извлечете на шарм и да не му одговарате на начин на кој би сакале да одговорите.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Ситуациите од кои тешко некој може да се извлече без последици, вас ве прават уште посилни и поиздржливи. Ситуацијата полека почнува да се менува и почнуваат да се појавуваат знаци кои ветуваат дека ви претстои стабилизација. Финансиската ситуација се уште ви е нестабилна и за ваша жал зависите од партнерот и неговите пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП