26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТвитер спрема опција која ќе израдува многумина

Твитер спрема опција која ќе израдува многумина

Твитер работи на нов пакет со претплата кој ќе им овозможи на корисниците да ја користат мрежата без никакви реклами.

„Рекламите на Твитер се чести и преголеми. Работиме на тоа да го промениме. Ќе има поскапа претплата без никакви реклами“, напиша Илон Маск на Твитер.

Маск уште во ноември најави дека, доколку сака да преживее, компанијата мора да ги зголеми приходите од претплати.

Рекламирањето сочинуваше 90 отсто од приходите на Twitter до неодамна, но тој процент драстично падна откако Маск ја купи мрежата. Според британски Гардијан, рекламирањето сега сочинува само 40 отсто од вкупниот дневен приход на компанијата.

„Без приходи од претплата, големи се шансите Твитер да не ја преживее претстојната економска рецесија“, напиша Маск тогаш на Твитер.

Во таа прилика тој ја истакна важноста на рекламите за платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП