18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпродаваниот „BMW M“ модел во 2022-ра е електричниот „i4 M50“

Најпродаваниот „BMW M“ модел во 2022-ра е електричниот „i4 M50“

Досега веќе имаме кажано дека „M“ дивизијата на „BMW“ ги имаше своите најдобри 12 месеци досега.

Со испорачани 177.257 автомобили помеѓу јануари и декември 2022-ра година, „BMW M“ постави нов годишен рекорд. Продажбата е зголемена за 8,4% во однос на исто така рекордната 2021-ва година кога се продадени 163.542 возила, пишува „Autoblog“.

Американскиот пазар беше најзначаен за „M“ дивизијата, следен од Германија, додека Велика Британија е нивниот трет најважен пазар.

Германците велат дека електричните автомобили како „i4 M50“ и „iX M60“ придонеле за успехот на „M“ дивизијата, кој дополнително бил зајакнат со „M240i“, „M2“ и „M3 Touring“.

Она што привлекува внимание е фактот дека најпродаваниот „BMW M“ модел во 2022-ра година беше целосно електричниот „BMW i4 M50“. Точниот број на продадени примероци од „BMW i4 M50“ не се споменува во вестите.

„За нас ова е јасен сигнал дека уникатното „М“ чувство пристигна во светот на електрифицираните возила“, вели Тимо Реш, шеф на одделот за клиенти, бренд и продажба во „BMW M GmbH“.

„Новиот продажен рекорд за автомобилите на „BMW M“ се заснова на нашето успешно присуство во широк опсег на сегменти на возила. Со нашата широка палета на производи, ние сме и идеално позиционирани за иднината“, додаде Реш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП