26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали по Киргиос и Ѓоковиќ оди во аут: Австралиските медиуми пишуваат за...

Дали по Киргиос и Ѓоковиќ оди во аут: Австралиските медиуми пишуваат за повредата на Новак

Колку е голем Новак Ѓоковиќ покажува и податокот дека огромното мнозинство на порталите во Австралија моментално се занимаваат со неговата ситуација поврзана со повредата и настапот на првиот Грен слем во оваа земја.

Сите беа дополнително исплашени затоа што Новак го откажа вториот тренинг за два дена, а само 24 часа пред да излезе на терен и да игра против Роберто Карбалес Баена.

Откако Ник Киргиос се откажа од настапот „дома“ на Австралија опен, многумина беа загрижени дека и Новак може да тргне по тој пат, па познатиот “The Australian” во еден наслов напиша „па нема и тој?“.

Веб-страницата News.au пишува дека на Австралија опен и се пишува црно доколку Новак не може да настапи на турнирот втора година по ред. Да потсетиме, минатиот пат тоа му беше забрането поради депортација и проблеми со визата.

Во продолжение истакнуваат дека некои навивачи веќе бараат враќање на парите доколку Новак утре не излезе на терен против Шпанецот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП