28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПРОВЕРЕТЕ ГО СВОЕТО ЗДРАВЈЕ - БРЗ ТЕСТ ОД МИНУТА И ПОЛОВИНА! Веднаш...

ПРОВЕРЕТЕ ГО СВОЕТО ЗДРАВЈЕ – БРЗ ТЕСТ ОД МИНУТА И ПОЛОВИНА! Веднаш ќе знаете дали сте во опасност од мозочен удар

Превенцијата е секогаш најдобриот избор, а тоа е особено точно кога зборуваме за срцев удар.

Над 100.000 луѓе трпат мозочен удар секоја година во Обединетото кралство и тие се одговорни за над 38.000 смртни случаи.

Дури и за 1,3 милиони британци кои преживеале мозочен удар – многумина живеат со попреченост.

Експертите ги повикаа британците да се тестираат на „тивка“ срцева состојба која е една од водечките причини за сериозни мозочни удари.

Атријалната фибрилација(АФ) е честа состојба на срцевиот ритам во Велика Британија, која погодува околу 1,6 милиони луѓе, пишува The Sun.

Луѓето со оваа состојба имаат неправилни отчукувања на срцето кои често се многу брзи.

АФ е поврзана со околу еден од пет мозочни удари, според Здружението за мозочен удар.

И мозочните удари кај луѓето со АФ се потешки и со поголема веројатност да доведат до смрт или сериозен инвалидитет.

Жулиет Боувире, од Здружението за мозочен удар, рече: „Со рана дијагноза и ефикасно управување со АФ, ризикот од мозочен удар е драматично намален, па затоа е од витално значење редовно да се проверувате.

„Навистина е лесно да се провери пулсот и нашето истражување ни покажа дека повеќето луѓе можат да го направат тоа.

„Почувствувајте го пулсот на вашиот зглоб или вратот за да бидете сигурни дека чука правилно.

„Ако се сомневате дека имате неправилен пулс, посетете го вашиот општ лекар“.

Истражувањето на здружението покажа дека шест од десет британци (62 отсто) изјавиле дека никогаш не биле проверени за АФ.

Како да се тестирате за атријална фибрилација

-Почувствувајте го пулсот на вашиот зглоб
-Со помош на тајмер, изброете колку често доаѓаат отчукувањата (треба да биде помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута)
-Ако се сомневате дека имате неправилен пулс, посетете го вашиот општ лекар

Најчестите симптоми кои често може да се занемарат од околината се:

-Слабост на моторните функции или трнење на едната страна од лицето или телото
-Ненадејна појава на вртоглавица, со неможност за одење и стоење, која е придружена со нагон за повраќање, а се влошува со промена на положбата на главата или телото или физички напор
-Ненадејна главоболка, која најчесто започнува во окципиталниот регион, која може да биде придружена со слабост на одредени делови од телото, повраќање или изменета состојба на свеста
-Тешкотии при изговарање одредени зборови, неможност да се зборува или не разбирање на говорот на другите луѓе.

Нарушувања на видот:

-појава на дупли слики
-целосно губење на видот на едното или двете очи
-стеснување на видното поле

Сите овие тегоби можат да се појават ненадејно или постепено (во повеќето случаи) и често спонтано да поминуваат без никаков третман, што ја одложува консултацијата со лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП