25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЧарлс подготвил остра казна за Хари за откривање на семејните тајни: Нема...

Чарлс подготвил остра казна за Хари за откривање на семејните тајни: Нема да му остане должен

Принцот Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс, пишуваат британските медиуми. Причината за тоа се голем број „скандалозни“ откритија од неговите мемоари, кои ќе бидат објавени следната недела.

Во својата нова автобиографија, наречена “Spare”, Хари упати низа тврдења и обвинувања против својот брат и татко, нарекувајќи го принцот Вилијам свој непријател. Тој, исто така, го обвини својот татко дека се грижи дека ќе биде засенет од моќта на Меган Маркл како холивудска ѕвезда.

Кралското семејство се уште не ги објавило мемоарите на Хари, но британските медиуми објавија дека сепак ќе има последици по принцот поради се што е споменато во книгата и дека тој ќе биде изоставен од крунисувањето на кралот Чарлс, кое е закажано за мај. Веста за неговото „отстранување“ од церемонијата доаѓа откако принцот се појави на британската телевизија ITV каде зборуваше за вината што ја чувствува по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Принцот Хари е изоставен од сценариото за крунисување, без официјална улога во службата доколку присуствува“, а се вели дека Чарлс ќе стави крај на традицијата на кралските војводи да клечат и да им оддаваат почит и само Вилијам ќе ја има таа улога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП