15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДрастичен пад на цените на автомобилите Тесла, сопствениците организираат протести

Драстичен пад на цените на автомобилите Тесла, сопствениците организираат протести

Стотици сопственици на електрични автомобили Tesla во Кина се собраа во салоните и продажните центри на производителот, барајќи компензација за разликата во цената по наглото намалување на цената на автомобилите што ги купиле во претходните месеци.

Ројтерс објави дека околу 200 купувачи на Tesla Model Y и Model 3 кои веруваат дека преплаќале за своите автомобили се собрале во дистрибутивниот центар на компанијата во Шангај во знак на протест против одлуката на производителот на автомобили драстично да ги намали цените по втор пат во три месеци. Според агенцијата, многу купувачи верувале дека цените по кои Tesla продавала автомобили минатата година нема да паднат толку нагло и за толкава сума.

По најновите намалувања на цените, автомобилите сега чинат меѓу 13 и 24 отсто помалку отколку во септември.

Аналитичарите велат дека намалувањето на цената сигурно ќе ја зголеми продажбата на автомобили и со тоа ќе ги принуди другите производители да ги намалат цените на електричните автомобили. Најавената суспензија на државните субвенции закажана за крајот на 2022 година принуди многу купувачи да побрзаат со своите набавки, пренесува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП