
Овен (21.03 – 20.04)
Некоја деловна прилика ќе биде пред вас, а вие со сета сила обидете се да ја искористите. Ризикувајте и нема што да загубите. Потребна ви е стабилна и сигурна врска, кажете му го тоа на партнерот.

Бик (21.04 – 21.05)
Конечно ќе ви се исплати се што сте направиле во изминатиов период. Флертувате каде и да тргнете. Уживате во вниманието. Саканото лице може да биде повредено.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекува ненадеен сплет на околностите во кои можете да остварите голема заработка. Можете да очекувате многу интересни нови љубовни случувања. Ве очекува слатко возбудување.

Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Лав (23.07 – 22.08)
Ве очекуваат лоши вести поврзани со некои невижнини или земјиште. Во љубовта не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија

Девица (23.08 – 22.09)
Можно е да зажалите бидејќи сте откажале некоја деловна соработка. Не се грижете, периодот ќе биде премногу погоден, барем кога станува збор за работата. На љубовното поле ви се допаѓа некоја личност која е помлада од вас.

Вага (23.09 – 22.10)
Престанете да се потпирате на среќата, кога станува збор за работата. Ве очекува драстична промена на љубовен план. Можни се мали проблеми со грбот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете. Не се грижете, ќе дојдат и вашите 5 минути. Не ви се допаѓа ставот на саканото лице кон вас. Можна е сериозна расправа.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува прилика да го видите вистинското лице на некој од вашите блиски соработници. Можно е да бидете изненадени. Неочекувано ќе добиете големо и многу искрено признание од саканото лице за љубовта кон вас

Јарец (22.12 – 20.01)
Ќај вас ќе биде нагласена нервозата, па поради тоа лесно можете да направите нови грешки на работното место. Во љубовта ви следи прекин на некоја емотивна врска, денот ќе биде особено тежок за мажите.

Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе бидете нетрпеливи да ги слушнете новитетите од следниот состанок. Но, сепак ќе треба малку да почекате. Мечтаете за тоа на саканото лице да му кажете се што ви лежи на срце но никако да соберете доволно храброст за тоа.

Риби (20.02 – 20.03)
Внимавајте на деловните состаноци да не ве надвладее тремата, па да изгледате чудно пред колегите и соработниците. Многу е важно да поработите на својата несигурност. Ќе се појават несогласувања со партнерот.