16 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМистер Бин е крал на скандалите: Ја изневерил сопругата со 26 години...

Мистер Бин е крал на скандалите: Ја изневерил сопругата со 26 години помлада, ќерката се откажала од презимето

Роуан Аткинсон е на листата на најинтелигентни светски ѕвезди. Неговото образование укажувало дека ќе се занимава со нешто друго освен со глума, но неговата љубов кон филмот и театарот владеела. Роуан Аткинсон стана едно од највпечатливите лица на светската кинематографија.

Во светот на актерската професија влегол откако магистрирал електротехника на Оксфорд, а бројни извори наведуваат дека неговиот коефициент на интелигенција е 178.

Во приватниот живот се издвојува бракот со Сунетра Састри, кој траеше од 1990 до 2015 година и заврши многу бурно.

Поранешните сопружници се запознале на телевизијата Би-Би-Си, каде Сунетра работела како шминкерка. Аферата што ја имаше славниот Мистер Бин со актерката Луиз Форд (41) им го уништи бракот. Како што напиша британски „Сан“, првата сопруга на актерот исклучително тешко го поднела изневерувањето.

Разводот беше експресно објавен, а како причина беше наведено неразумното однесување на Аткинсон. Сè беше проследено со одлуката на ќерката на Роуан и Сунетра, Лили да се откаже од татковото и да го земе презимето на нејзината мајка, што многумина го протолкуваа како нејзина реакција на прељубата што ја направи познатиот актер.

Синот Бенџамин Аткинсон не презел таков чекор.

Роуан Аткинсон остана во врска со Луиз и често можат да се видат во Лондон, како уживаат во прошетка со нивната ќерка Исла, која се роди во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП