11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИма возачи кои мислат дека знаат се за автомобилите: Најпознатите митови и...

Има возачи кои мислат дека знаат се за автомобилите: Најпознатите митови и заблуди

Има возачи, а не мал број, кои мислат дека знаат се за автомобилите.

Или ако не сите, барем основите плус таа „проверена“ информација која се пренесува од генерација на генерација, но без критичко преиспитување.

Прифаќајќи некои работи здраво за готово, луѓето денес ги сметаат за факти, а всушност тоа се митови и заблуди. Ви пренесуваме некои од најпознатите.

Автомобилите со автоматски менувач трошат повеќе гориво

Да, но во време кога автоматските менувачи беа новитет на пазарот. Начинот на кој се дизајнирани модерните автомобили со автоматски менувач го застари митот дека тие се помалку ефикасни од автомобилите со рачен менувач.

Денешните автоматски менувачи имаат повеќе брзини од автомобилите со рачен менувач, што придонесува за избалансирана потрошувачка на гориво.

Азот е добар само за тркачки автомобили, не и за обични возила

Азот се користи за полнење гуми за тркачки автомобили поради одредени предности што овој гас ги има во однос на воздухот. Тоа е особено важно бидејќи азотот помалку истекува и одржува постојан притисок во гумите при големи оптоварувања. Но, само да знаете, ова не ја исклучува можноста за слична корист за обичните патнички автомобили.

Поголемите автомобили се побезбедни за патниците

Поголемите автомобили обично се доживуваат како побезбедни, главно поради поголемата количина на „лим“ што остава визуелен впечаток дека таков автомобил е побезбеден за патниците. Треба да знаете дека безбедноста на патниците зависи исклучиво од квалитетот на материјалите што се користат во конструкцијата на каросеријата, како и од безбедносните карактеристики на самиот автомобил.

Вклучувањето на климата е подобро за заштеда на гориво отколку отворање на прозорците

Експертите сè уште се расправаат за ова. Сепак, преовладува мислењето дека системот за климатизација има поголемо влијание врз зголемената потрошувачка на гориво отколку нарушената аеродинамика при возење со отворени прозорци.

Наутро добивате повеќе гориво за истите пари

Овој мит се заснова на теоријата дека течностите се шират и се собираат во зависност од надворешната температура. Ако резервоарите за складирање гориво не беа под земја, всушност би добиле помалку гориво во текот на денот, кога надворешната температура е повисока, односно густината е помала. Така – складираното гориво е заштитено од такви флуктуации.

Валканиот автомобил е поекономичен од чистиот

Дали калта налепена од страните на автомобилот придонесува за ефектот што го имаат дупките на топчето за голф – намалувајќи го отпорот? Беше спроведен тест и беше откриено дека нечистотијата всушност создаваат поголем отпор и можат да ја зголемат потрошувачката на гориво за дури 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП