20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Ролинг стоун“ објави листа со 200 најдобри пејачи на сите времиња

„Ролинг стоун“ објави листа со 200 најдобри пејачи на сите времиња

Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа со 200 најдобри пејачи на сите времиња.

„Вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк,“ наведено е во описот.

„Кога првпат ја објавивме нашата листа со 100 најдобри пејачи во 2008 година, процесот на гласање вклучуваше мислења на познатите музичари. Резултатите го фаворизираа класичниот рок и пејачите од 60-тите и 70-тите.“

„Оваа нова листа, составена од наши вработени и клучни соработници, опфаќа 100 години поп-музика како тековен разговор на светско ниво, при што легендарната индиска пејачка Лата Мангешкар ‘слетува’ меѓу Ејми Вајнхаус и Џони Кеш, а кралицата на салсата – Селија Круз го наоѓа своето место пред Принс и Марвин Геј. Можеби ќе забележите дека на листата нема никој од светот на операта – тоа е така зашто наша задача е поп-музиката, што значи дека речиси сите уметници на оваа листа имале значајни кариери како ѕвезди, успешни во повеќе области, создавале популарна музика за широките маси,“ стои во описот.

Во влијателното списание се истакнува и дека ова е список со најголеми пејачи, а не најдобри гласови.

На прво место е Арета Френклин, потоа следат Витни Хјустон, Сем Кук, Били Холидеј и Мараја Кери, Реј Чарлс, Стиви Вондер, Бијонсе, Отис Рединг и Ал Грин.

Списокот вклучува и некои имиња на поспецифични вокалисти како Ози Озборн (#112), Глен Данциг (#199), Курт Кобејн (#36), Брус Спрингстин (#77), Мик Џегер (#52), Џон Фогерти ( #118), Пети Смит (#117), Криси Хајнд (#114), Роџер Далтри (#109), Кортни Лав (#125) и Џо Страмер.

Тука се и Лејди Гага (#58), Тејлор Свифт (#102), Ашер (#97), Били Ајлиш (#198) и Селена Гомез (#89).

Но, ја нема Селин, иако со години важи за една од најдобрите светски вокали и редовно ги полни најголемите светски арени. Ова ги разбесни нејзините фанови. Незадоволните коментари веднаш ги преплавија социјалните мрежи, но објаснувањето веројатно лежи во тоа што „Ролинг стоун“ при составувањето на оваа листа ги имал предвид, токму како што вели насловот, најдобрите пејачи, а не најдобрите гласови на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП