26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Канио заработи отказ

Ди Канио заработи отказ

paolo

Раководството на Сандерленд го отпушти тренерот Паоло ди Канио за помалку од шест месеци, откако тој го презеде тимот. Причината за ваквиот потег е слабиот старт на сезоната на екипата.

Во последното коло Сандерленд загуби на гостувањето кај Вест Бромвич со 0:3 и така тие во генералниот пласман останаа со само еден бод во првите пет натпревари. Привремено тимот ќе биде предводен од Кевин Бол.

Ди Канио минатата година успеа да го спаси Сандерленд од испаѓање, но во новата сезона не успеа да продолжи со добрите игри.

„Од клубот сакаме да му се заблагодариме на Ди Канио и да му посакаме успех во иднина“, се вели во официјалното соопштение на раководството на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП