26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Аватар: Патот на водата“ надмина 1 милијарда долари на киноблагајните

„Аватар: Патот на водата“ надмина 1 милијарда долари на киноблагајните

Научнофантастичниот еп „Аватар: Патот на водата“ на Џејмс Камерон досега заработи над 300 милиони долари на киноблагајните во Америка и 700 милиони долари во светски рамки – со вкупна сума од 1 милијарда долари, според „Боксофис гуру“ (Box Office Guru).

Продолжението на „Аватар“ беше премиерно прикажано на 16 декември и беа потребни помалку од две недели за да ја постигне оваа цифра. Со 1 милијарда долари продолжението е на пат да го постигне истиот успех како и оригиналот од 2009 година.

Оригиналниот филм моментно е филм со најголема заработка на сите времиња. Овој блокбастер досега има инкасирано над 2,9 милијарди долари.

Ова е трет филм на режисерот Камерон, кој надмина 1 милијарда долари, што го прави втор режисер со највисока заработка досега зад Стивен Спилберг.

Тој исто така е прв режисер на кој неговите последни три филма ја преминуваат посакуваната граница од милијарда долари. Освен „Аватар“ и „Аватар: Патот на водата“, „Титаник“ е другиот најуспешен филм на Камерон на сите времиња на киноблагајните, со заработка од 2,2 милијарди долари.

Во Аvatar: The Way of Water глумат Сем Вортингтон (Џејк Сали), Зои Салдана (Нејтири), Сигурни Вивер (Кири), Стивен Ланг, Кејт Винслет и Мишел Јео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП