27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСилвестер Сталоне за своето пријателството со Брус Вилис

Силвестер Сталоне за своето пријателството со Брус Вилис

Силвестер Сталоне и Брус Вилис со децении беа две од најголемите имиња во акционите филмови, коментираат медиумите, додавајќи дека можеби имаа конкуренција од неколкумина како Арнолд Шварценегер.

Овие двајца понекогаш беа ривали еден на друг на киноблагајните, но во реалниот живот беа блиски пријатели и, во еден момент, деловни партнери. Тоа беше пред потресната објава на семејството Вилис дека актерот се пензионира откако му била дијагностицирана афазија.

Во едно неодамнешно интервју, Сталоне откри тажни новости за своето пријателство со Вилис. Во искрен разговор со „Холивуд репортер“ за сопствената кариера долга повеќе од пет децении, темата набрзо се сврте кон меѓусебниот однос со Вилис.

На прашањето дали двајцата сè уште одржуваат контакт по дијагнозата на ѕвездата од „Умри машки“, Сталоне откри дека повеќе не можат да комуницираат поради борбата на Вилис со говорното нарушување.

„Брус минува низ навистина тешки времиња. Тој всушност е изолиран. Тоа ме убива. Многу е тажно. Се молиме за најдоброто за тебе и твоето прекрасно семејство.”

Заедно со Арнолд Шварценегер, Вилис и Сталоне се деловни партнери од 90-тите преку нивниот синџир ресторани „Планет Холивуд“. Сите тројца беа истакнати акциони ѕвезди во текот на 80-тите и 90-тите, и работеа заедно на акциониот серијал „The Expendables“ („Платеници“). Тројцата глумеа во првите два филма, но Вилис имаше креативни разлики со Сталоне, кој е продуцент на серијалот,  и се повлече од третиот дел.

Харисон Форд го зазеде местото на Вилис за третиот филм по кавгата меѓу Вилис и Сталоне. Сепак, по неколку години, тие се смирија и го продолжија своето пријателство. Сталоне објави сет фотографии со Вилис по објавувањето на веста дека повеќе нема да глуми. Сталоне останува во близок контакт со семејството и е многу загрижен за здравствената состојба на Вилис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП