29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина Масимо Савиќ, еден од најомилените музичари на Балканот

Почина Масимо Савиќ, еден од најомилените музичари на Балканот

Музичарот Масимо Савиќ почина на 60-годишна возраст во Загреб, главниот град на Хрватска, соопштија неговата сопруга и ќерката.

Хрватската телевизија објави дека Савиќ починал во болница во Загреб каде се лекувал од рак на белите дробови.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напушти по кратка, но херојска борба.

„Иако го напушти овој свет, тој вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки“, напишаа сопругата Ена и ќерката Мирна на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП