20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСпоред IMDb ова се најдобрите божиќни филмови

Според IMDb ова се најдобрите божиќни филмови

Интернет-базата за филмови (Internet Movie Database IMDb) ја објави листата со десетте најдобри божиќни филмови на сите времиња. Резултатите се засновани на реалните месечни прегледи на страницата на оваа интернет платформа.

Иако „Сам дома“ важи за ултимативен фаворит за многумина, очигледно, секој има свој вкус. Можеби многумина ќе бидат изненадени, но омилениот празничен филм со малиот Кевин, не е на прво место.

Најголем број прегледи, а и најдобри рецензии има филм од 1946 година, „Животот е прекрасен“.

„Еден ангел е испратен од небото да му помогне на очајно фрустриран деловен човек покажувајќи му каков би бил животот доколку тој не постоел”, ова е заплетот на овој филм што доби „Златен глобус“ за најдобра режија. Френк Капра го режираше филмот, а главните улоги беа на Џејмс Стјуарт, Керолин Грајмс и Дона Рид.

Ова се десетте филмови кои добија најдобри рецензии на IMDb.

„Животот е прекрасен“ (1946)
„Умри машки“ (1988)
„Скруџ“ (1951)
„Сам дома“ (1990)
„Рудолф, ирвасот со црвен нос“ (1964)
„Најлудиот Божиќ“ (1989)
„Божиќна приказна“ (1983
„Чудо на 34. улица“ (1947)
„Џуџе“ (2003)
„Гремлин“ (1984)

Многумина ја користат интернет-страницата IMDb кога сакаат да се информираат за одреден филм или за да наоѓаат нови филмови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП