28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle може да чита и „докторски ракопис“

Google може да чита и „докторски ракопис“

Огромен број лекари пишуваат рецепти за лекови толку нечитливо што просечниот човек е невозможно да ги „дешифрира“, а тоа е проблем што технолошките компании со децении се обидуваат да го решат без успех, но една од нив не се откажува.

Гугл на својата годишна конференција одржана во Индија објави дека соработува со фармацевтите за да го реши проблемот со „докторскиот ракопис“.

Функцијата ќе биде достапна преку технологијата Google Lens, а на корисниците ќе им овозможи да фотографираат рецепт или да прикачат фотографија од галеријата. После тоа, фотографијата ќе биде обработена, а апликацијата ќе ги детектира и издвои лековите наведени на рецептот.

„Ова ќе функционира како помошна технологија за дигитализација на пишани медицински документи со вклучување на фармацевти, но нема да се донесе одлука само врз основа на резултатите од оваа технологија“, велат од Google.

Компанијата не прецизираше кога функцијата ќе биде достапна за корисниците, но истакна дека Индија има најголем број корисници на Google Lens технологијата во светот. Оваа земја е главен пазар за Google бидејќи е дом на 500 милиони корисници на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП