1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку навистина се делотворни прочистувачите на воздух во домовите? (ВИДЕО)

Колку навистина се делотворни прочистувачите на воздух во домовите? (ВИДЕО)

Скопје речиси секоја зима се наоѓа меѓу десетте најзагадени престолнини во светот, а вчера исто така мерачите покажуваа лош квалитет на воздухот.

Од тие причини македонските граѓани се почесто купуваат прочистувачи на воздух, но многумина се прашуваат колку тие навистина се ефективни и дали помагаат за подобрување на квалитетот на воздухот во затворените простори.

Прочистувач во станот или куќата може да биде нешто што ќе помогне, загадувањето внатре во просториите понекогаш може да биде поголемо, разликата е само во составот на загадување. Составот на микронската прашина што доаѓа од термоелектраните е поопасна од прашината внатре. Загадувањето може да биде особено големо онаму каде што се користат шпорети за греење и готвење, дел од тие гасови се задржуваат во куќата.

Според експертите, прочистувач на воздух – да, секој што може да си го дозволи. Исто така, маските N95 не се стопроцентна заштита, но сигурно не прават штета.

Експертите децидни, прочистувачот нема да наштети. Тој треба да биде една од итните мерки, особено во институциите каде децата често поминуваат многу време, како што се училишта, градинки, игралишта и каде што тренираат. Тие институции треба да имаат обврска да имаат вакви апарати во своите простории бидејќи децата поминуваат многу време во нив и добро е што се помалку изложени на загадување. Ова е важно затоа што децата припаѓаат на една од ризичните групи на кои и пониските нивоа на загаденост им создаваат проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП