17 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.12.2022

Дневен хороскоп 23.12.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Можете да очекувате многу позитивни околности преку кои ќе успеете да дојдете до деловно напредување. Доколку сте во брак, можно е да размислувате за проширување на семејството.

Бик (21.04 – 21.05)

Важно ви е да бидете добро прифатени во деловното опкружување и да се остварите на овој план. Во љубовта имате големи проблеми во комуникацијата со саканото лице. Премногу водите инает.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе донесете цврста одлука максимално да и се посветите на работата бидејќи сакате да направите значителен напредок на полето за кариера. Во љубовта на слободните им се допаѓа личност која ја познаваат долги години.

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе ви се исплати трудот кој сте го вложиле во вашата работа. Можете да очекувате прилично добра ситуација. Во љубота знаете дека можете да сметате на саканото лице и во добро и во зло и среќни сте за вашата стабилна љубов.

Лав (23.07 – 22.08)

Мотивацијата во моментот не ви е на завидно ниво, па денес многу малку ќе и бидете посветени на работата. Во љубовта тешко ви е да се отворите пред партнерот иако се познавате долги години.

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е да ви се случуваат или пак враќаат некои стари деловни проблеми, а тоа сериозно ќе ве загрижи. И во љубовта периодот ви е тежок, полн со расправии и недоразбирање, некои ќе ја прекинат врската.

Вага (23.09 – 22.10)

Можно е да имате прилика да ги одмерите силите со конкуренцијата и ќе бидете задоволни од исходот. Во љубовта на слободните им се допаѓа личност која воопшто не е лесно да се освои.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку сте имале недоразбирања во деловното опкружвање, во текот на денешниот ден ќе можете да се ослободите од нив. Во љубовта ви се допаѓа некое лице од знакот Стрелец.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можно е повеќе да му бидете посветени на социјалниот живот отколку на работата. Обврските ќе ги оставите за подоцна. Слободните наскоро ќе имаат интересно познанство и прилика за врска.

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе ви се пружи прилика да дојдете до работното место за кое долго сте сонувале. Желбите ќе ви се исполнат. Во љубовта можно е да сте влегле во прилично монотона фаза со саканото лице и ви недостасува возбуда.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекуваат позитивни промени на кои сте се надевале. Ќе бидете генерално задоволни од состојбата на деловното поле. Во љубовта доколку сакате да го подобрите односот со саканото лице, бидете подготвени малку повеќе да му се посветите.

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате склопување на нов деловен договор кој ќе ви биде значаен. Сакното лице има впечаток дека не сте сосема искрени со него. Разговарајте во врска со тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП