18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали е ова најоткачениот автомобилски ентериер на пазарот? (ФОТО)

Дали е ова најоткачениот автомобилски ентериер на пазарот? (ФОТО)

Италијанската компанија „Aehra“ повторно го покажа својот прв автомобил, но овој пат од внатре. Огромен екран што се повлекува и што го претвора автомобилот во мобилна канцеларија или кино – ова е главната карактеристика на моделот, кој марката го создаде оваа година во Милано во ноември, а го претстави како „ултра-премиум електричен кросовер со неспоредлива елегантна футуристичка визија“.

Автомобилот со „лудите врати“, како што некои го нарекуваат, импресионира однадвор со четирите врати кои се креваат одеднаш – одлука на поранешен дизајнер на „Lamborghini“. Многу брендови избираат модерни дисплеи за нивните нови производи, „растегнувајќи“ ги по целата ширина на предниот панел. Но, „Aehra“ најде нешто да изненади, екранот ја менува својата висина, покривајќи речиси половина од шофершајбната во расклопена положба.

Сепак, тоа не треба да му пречи на возачот, бидејќи додека се вози најчесто се вовлекува во контролната табла, така што се гледа само горниот дел со дигиталните инструменти и информациите за навигација. Во овој случај, вклучени се странични закривени дисплеи, кои емитуваат слика од камерите што ги заменуваат ретровизорите.

Кога е паркиран, екранот може да се подигне, зголемувајќи ја не само неговата големина, туку и неговата функционалност. Адаптивниот систем обезбедува различни апликации со кои можете да работите, да гледате филмови и да комуницирате. Подолу е поставен уште еден, многу помал екран, контролна табла на допир за основните функции на медиумите.

„Aehra“ нуди и необичен волан во стилот на „Tesla“ со италијанско знаме. На него има уште еден мал монитор кој го покажува тековниот опсег и брзина. Меѓуоскиното растојание е 3 метри, должината е 5,1 m, ширината е 2,0 m, а висината е 1,64 m.

Во однос на технологијата, се вели дека автомобилот има „инспиративни“ перформанси од батерија од 120 kWh која ќе обезбеди автономија од 800 километри со едно полнење. Максималната тежина мора да остане под два тона. За споредба – „Mercedes EQS“ тежи од 2,7 до 2,8 тони и поминува максимални 671 km. Друга мерка за зголемување на ефикасноста е употребата на лесни композитни материјали како што е јаглеродот. Максималната брзина е 265 km/h.

Кросоверот ќе започне да се произведува кога „ќе бидат потврдени добавувачите“, информира „Aehra“, која веќе добила „значајни приватни инвестиции“.

Објавено е дека продажбата може да започне во 2025-та година во Северна Америка и Европа. Во февруари 2023-та година, Италијанците ќе го претстават вториот модел – електричен седан. За цената на сегашниот се очекува да биде над 160.000 евра, а автомобилот сѐ уште нема име.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП