26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПоставатарска депресија: Илјадници луѓе се чувствувале тажни по филмот, некои помислиле на...

Поставатарска депресија: Илјадници луѓе се чувствувале тажни по филмот, некои помислиле на самоубиство

Долгоочекуваното продолжение на „Аватар“, „Патот на водата“ привлече илјадници луѓе во кината за да го гледаат филмот кој се снимаше 13 години. Додека режисерот Џејмс Камерон се надева дека филмот ќе биде хит како првиот, едно нешто што никој не сака е повторување на она што е познато како Post Avatar Depression Syndrome(поставатарскa депресиja).

Необичен феномен се случи далечната 2009 година, кога фановите на „Аватар“ се запознаа со раскошниот и измислен свет на Пандора. Благодарение на визуелното мајсторство кое е вложено во создавањето на хитот, гледачите се префрлени во фасцинантни сцени од блескав и зачудувачки свет недопрен од човечка рака.

За многумина тоа беше празник за очи, но според извештајот на CNN од 2010 година, некои станале депресивни откако го гледале филмот затоа што сакале самите да ја посетат Пандора, но сфатиле дека тоа никогаш нема да биде возможно. Ова беше истакнато и на веб-страницата на обожавателите наречена Avatar Forums, со тема насловена: „Начини да се справите со депресијата затоа што Пандора е нематеријална“.

„Филмот покажа нешто што го немаме овде на Земјата“

Темата собра повеќе од 1.000 објави и стана толку популарна што администраторот на страницата Филипе Багдасаријан мораше да отвори втора тема за гледачите да разговараат за депресијата предизвикана од гледањето на „Аватар“.

„Не бев особено депресивен. Филмот всушност ме направи среќен. Но можам да разберам зошто ги направи луѓето депресивни. Филмот е толку убав и покажа нешто што го немаме овде на Земјата. Мислам дека луѓето видоа дека ние можеме да живеме во сосема поинаков свет и тоа ги направи депресивни“, рече Багдасаријан.

Депресијата по гледањето на „Аватар“ е толку силна што некои од гледачите рекоа дека дури и размислувале за самоубиство.

„Уште кога го видов „Аватар“ бев депресивен. Гледајќи го прекрасниот свет на Пандора и Навите ме натера да сакам да бидам еден од нив. Не можам да престанам да размислувам за сите работи што се случија во филмот и за сите солзи што ги пролеав поради него. Размислувам дури и за самоубиство мислејќи дека ако го направам тоа, повторно ќе се родам во свет налик на Пандора и сè е исто како „Аватар““, напиша еден гледач.

Се надеваме дека „Аватар: патот на водата“ нема да им ги направи истите проблеми на гледачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП