26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЕлизабет Харли за невиноста на принцот Хари: „Не сум таа. Не сум...

Елизабет Харли за невиноста на принцот Хари: „Не сум таа. Не сум виновна. Ха!“

Елизабет Харли ги демантира шпекулациите дека таа е жената што му ја одзеде невиноста на војводата од Сасекс.

57-годишната актерка од „Остин Пауерс“ проговори среде шпекулациите дека принцот Хари (38) ќе спомене во своите мемоари што треба да излезат на 10 јануари дека првата личност со која спиел била „убава постара жена“.

Запрашана од весникот „Тајмс“ во саботата дали може да биде именувана во книгата како прва љубовница на војводата, Елизабет рече: „Не сум таа. Не сум виновна. Ха!“

Потоа додаде: „Апсолутно, не!“

„Тајмс“ навестува дека еден од најнеобичните детали во претстојната книга Spare („Резерва“) на принцот Хари е откритието за тоа како ја изгубил невиноста од таканаречена пума во мало рурално место.

Неколку портали, кои го објавија негирањето на Лиз, напишаа дека портпаролот на војводата не одговорил веднаш на барањето за коментар.

Издавачот „Пингвин рендом хаус“ ја опиша автобиографијата на Хари како интимна и искрена приказна за искуствата, авантурите, големите губитоци и животните лекции на принцот Хари.

Принцот Хари ќе понуди искрен личен портрет, кој ќе им покаже на читателите дека зад сè што мислат дека знаат се крие инспиративна, храбра и возбудлива човечка приказна“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП