28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибриден триумф: „Toyota“ слави 25 години од „Prius“ (ФОТО/ВИДЕО)

Хибриден триумф: „Toyota“ слави 25 години од „Prius“ (ФОТО/ВИДЕО)

Со развојот на „Prius“, „Toyota“ сакаше да исполни две цели: да создаде автомобил за 21 век (кој веќе тропаше на вратата во 1997-ма година) и да го трансформира начинот на кој произведува автомобили.

Во тоа време, малку производители на автомобили имаа искрена желба да ги решат еколошките проблеми. „Toyota“ реши да се справи со тоа и ја започна хибридната револуција која продолжува и денес.

Работејќи неуморно за развој на нови, иновативни решенија, „Toyota“ создаде возило за секого: хибридно електрифицирано, „plug-in“ хибридно електрифицирано, електрично на батерии или електрифицирано со погон на водородни горивни ќелии.

Денес, со „Toyota“, секој клиент има по мерка, решение кое е добро и за нашата планета. „Prius“ беше иницијатор и на електрификацијата како прво масовно произведено хибридно електрифицирано возило, а беше пласиран на пазарот под слоганот „Токму на време за 21 век“.

Денес, 25 години откако „Prius“ прв пат тргна по хибридната електрифицирана патека, најголемиот дел од возилата на „Toyota“ што се продаваат во Европа се хибриди, додека вкупниот број на електрифицирани возила на „Toyota“ ширум светот надминува 21 милион.

Само хибридните и „plug-in“ хибридните верзии на „Prius“ се продадени во повеќе од 5,05 милиони единици.

„Prius“ остави траен белег на „Toyota“, но и во светот како автентична автомобилска икона и како храбар лидер на идните трендови.

А за 25-тиот роденден на „Prius“, „Toyota“ го подготви најдобриот можен подарок – претставен е моделот од новата генерација, кој во Европа ќе биде достапен исклучиво како „plug-in“ хибридно електрифицирано возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП