16 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.12.2022

Дневен хороскоп 13.12.2022

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекуваат помали финансиски загуби или некои други проблеми на деловото поле. Поведете сметка да не ризикувате. Во љубовта несигурни сте во своите чувства и потребно ви е малку повеќе време.

Бик (21.04 – 21.05)

На деловното поле ќе немате некои поголеми промени, а ниту проблеми. Се ќе биде солидно. Доколку сте во брак, вашиот партнер остро ќе ви се спротивстави за некои нешта.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се надевавте дека ќе имате повеќе слободно време, но сепак ќе имате премногу рбаота. Потрудете се да им се посветите на обврските максимално. Во љубовта ве очекува интересен ден во кој ќе имате бројни прилики доколку сте слободни.

Рак (22.06 – 22.07)

Очекувате многу во моменталниот период, па можно е да не добиете баш се што сакате. Во љубовта вашиот партнер во овие моменти ќе ве оцени како незрела личност за некои позрели чекори.

Лав (23.07 – 22.08)

Денот пред вас не е поволен за работа. Можни се бројни компликации и проблеми. И во љубовта на некој начин ќе бидете незадоволни бидејќи ќе мислите дека саканото лице ве запоставува.

Девица (23.08 – 22.09)

Можно е да ви се отвори прилика да се занимавате со две различни работи, ќе имате поголем извор на приходи. Во љубовта на слободните ќе им се допадне некое ново лице, па ќе започнат да флертуваат со него.

Вага (23.09 – 22.10)

Имате впечаток дека нема да успеете да остварите некои ваши планови. Можеби само сте поставиле превисоки цели. Во љубовта тешко ќе ви биде да ги покажете емоциите отворено, а тоа вашиот партнер нема да може да го разбере.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

За сега најпаметна тактика е да бидете трпеливи и да не форсирате нови случувања на деловен план. Во љубовта ве очекува пријатен ден во кој ќе уживате заедно со лицето кое го сакате.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Консултирајте се со лицето во кое имате доверба ако планирате да започнете свој бизнис. Ќе ви биде потребен добар совет од блиско лице. Во љубовта ќе бидете страствени и ќе уживате покрај партнерот.

Јарец (22.12 – 20.01)

Потпрете се на старите соработници со кои некогаш сте имале добар однос. Можно е преку нив да стигнете до деловна прилика. На емотивното поле не се нагласени нови љубовни случувања.

Водолија (21.01 – 19.02)

Искрено го покажувате вашето мислење, дури и кога е негативно, имате проблем да влезете во конфликт со било кого. Од некоја причина ќе бидете загрижени за односот кој го имате со саканото лице.

Риби (20.02 – 20.03)

Имате доста деловни обврски, и се чини дека нема да успеете со се да излезете на крај. Имате недостаток на енергија. Во љубовта ќе гаите силни емоции кон една личност од блиското опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП