29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗабава која стана зависност: Очајни родители поднесоа тужба откако децата престанаа да...

Забава која стана зависност: Очајни родители поднесоа тужба откако децата престанаа да јадат, спијат и се тушираат

Досега се направени различни студии за влијанието на видео игрите врз децата, а резултатите не се секогаш исти. Некои од нив го покажаа негативното влијание на игрите врз младите, додека според некои други истражувања, игрите не предизвикуваат психички проблеми кај децата, па дури и може да имаат одредени придобивки.

Секако, како и со се во животот, јасно е дека не треба да се претерува со видео игрите, а родителите не треба да им дозволуваат на децата да живеат само во светот на видео игрите и да го запоставуваат реалниот живот поради тоа.

Но, дека ова може да биде резултат на прекумерно играње видео игри и дека игрите предизвикуваат зависност, тврдат родителите кои поднеле тужба во Канада против Epic Games, издавачот на една од најпопуларните игри во последните години, Fortnite. Во тужбата што ја поднесоа пред канадскиот суд, тие се повикаа и на одлуката на Светската здравствена организација која пред неколку години ја категоризираше зависноста од видео игри како ментална болест.

А нивните деца, како што се тврди во тужбата, почнале да покажуваат знаци на зависност поради Fortnite, што почнало силно да влијае на нивниот секојдневен живот. Имено, поради таа игра децата не спиеле ниту јаделе, а ја занемариле хигиената и престанале да се тушираат.

Од Epic Games одговорија на тужбата потсетувајќи дека Fortnite има родителска контрола што им овозможува да го следат дигиталното искуство на нивните деца и дека ќе докажат на суд дека тужбата нема основа. Нема да им биде лесно, бидејќи канадскиот врховен судија Силвен Лусиер даде зелено светло за продолжување на тужбата и рече дека сите родители чии деца имале симптоми на зависност откако ја играле играта од 2017 година може да се придружат.

Интересно, тој ја поврза зависноста од видео игрите со зависноста од тутун и потсети дека штетното влијание на тутунот не се препознало и не се признало преку ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП