Твитер утре повторно ќе ја пушти во употреба ажурираната верзија на својот претплатен сервис „Твитер Блу“, а цената ќе биде малку повисока за корисниците на „Епл“, соопшти американската компанија.
Новата верзија ќе им овозможи на корисниците да уредуваат твитови, да поставуваат видео клипови од 1080p (full HD) и да добијат сина ознака дека профилот е проверен, објави Ројтерс.
Твитер не објасни зошто цената за корисниците на „Епл“ е повисока отколку за другите, но некои медиуми објавија дека американската компанија бара начини да ги компензира таксите што се наплаќаат во „Епл стор“.