26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто циметот има толку добра репутација?

Зошто циметот има толку добра репутација?

Оваа намирница нутриционистите ја обожуваат, а еве и зошто…

Кога станува збор за најздравите зачини, таа приказна никогаш не може да пројде без да се спомене циметот – внатрешната кора од дрвото сомелена во прав, кој е многу почитуван од Кина па се до Јужна Америка.

Бројни се позитивните влијанија на циметот врз човековото здравје, а во продолжение ќе наброиме некои од нив. Нема да говориме по што циметот е најпознат, како што е фантастичната арома, туку за предностите кои ги имаме со неговото консумирање.

– Циметот во кинеската медицина е познат како лек за настинка и грип (особено со чај и ѓумбир)

– Циметот во комбинација со мед и вода претставува мала енергетска бомба

– Циметот помага при варењето

– Циметот ги ревитализира нервите и крвта

– Само половина лажица цимет дневно го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите

– Циметот ги уништува габите и го спречува нивниот раст

Овие причини се и повеќе од доволни за секој ден на некој начин да внесеме барем малку цимет во својот организам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП