4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлоп ќе земе 25 милиони долари од договорот меѓу Nokia и Microsoft

Илоп ќе земе 25 милиони долари од договорот меѓу Nokia и Microsoft

Stephen Elop

Поранешниот Извршен директор на „Nokia“ Стивен Илоп ќе добие прилично сериозна сума за тоа дека „Microsoft“ го купи бизнисот со телефони на „Nokia“. Илоп, кој донесе контроверзна одлука, откако ги врза телефоните на „Nokia“ со оперативниот систем „Microsoft Windows“ во 2011-та година, се очекува да добие околу 25.5 милиони долари (18.8 милиони евра), кога повторно ќе започне со работа во „Microsoft“, пишува „The New York Times“.

Илоп ќе се врати на своите корени со неодамнешниот договор меѓу „Nokia“ и „Microsoft“, враќајќи се во „Microsoft“, откако помина три години на чело на финската компанија. Тој доби 6.2 милиони долари, кога го напушти „Microsoft“, за да стане Извршен директор на „Nokia“ во 2010-та година.

Сега тој ќе се врати на чело на единицата на „Microsoft“ за мобилни телефони, кога договорот ќе биде во целост реализиран.

Во меѓувреме, тој е сменет од должноста во „Nokia“ и сега е Извршен потпретседател на уредите и услугите, за да ги омекне евентуалните конфликти на интереси.

Неговата заработка ќе вклучува 4.1 милиони евра за плата и акции во вредност од околу 14.6 милиони евра. „Microsoft“ ќе покрива околу 70 проценти од платата на Илоп, додека „Nokia“ ќе го плати останатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП