26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПо тешка борба почина актерката Кирсти Ели

По тешка борба почина актерката Кирсти Ели

По тешката борба со ракот почина актерката Кирсти Ели. Таа беше најпозната по улогата Ребека во комичната серија „Cheers“, која ѝ донесе и престижни телевизиски награди како Еми и Златен глобус.

Исто така, нејзините обожаватели ќе ја паметат по улогите во филмовите „Look Who’s Talking“, „Star Trek II: The Wrath of Khan“, „It Takes Two“ и многу други.

Таа почина на 71-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна и сакана мајка почина по битката со ракот, кој неодамна беше откриен. Таа беше опкружена со нејзиното најблиско семејство и се бореше со неверојатна сила, оставајќи нѐ сигурни во нејзината бескрајна радост за животот и за сите авантури кои претстојат. Колку и да беше легендарна на екранот, таа беше уште поневеројатна мајка и баба. Ние сме благодарни на неверојатниот тим лекари и медицински сестри во Центарот за рак во Мофит за нивната грижа. Нејзината страст за животот, за нејзините деца и внуци и за нејзините многубројни животни, а да не ја спомнуваме нејзината вечна радост за создавањето нови дела, нѐ инспирираат да го живееме животот по потполност, исто како што живееше и таа“, напишале нејзините деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП