29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКаква улога играат мастите во исхраната?

Каква улога играат мастите во исхраната?

Мастите треба да сочинуваат 20-30 проценти од вкупниот дневен внес на калории. Тие имаат повеќекратна улога во нашиот организам и затоа не смеат да бидат исклучени од исхраната.

Улоги

  • Енергетска улога
  • Овозможуваат растворливост на витамините А, Д, Е, К.
  • Учествуваат во метаболизмот на хормоните
  • Учествуваат во многу метаболички процеси

Мастите можат да бидат заситени и незаситени, а во дневниот внес им даваме предност на незаситените масти, кои треба да го сочинуваат најголемиот дел од внесените масти. Најмногу ги има во растителните масла.

Повеќе заситени масти има во храната од животинско потекло, во чоколадните слатки, пржената храна и млечните производи со поголем процент на масти.

Исклучете ги транс мастите

Транс мастите се хидрогенизирани растителни масла и како такви не можат да се користат во нашето тело. Маргаринот е транс масти.

Есенцијални масти

Тоа се масти кои мора да ги внесуваме секојдневно и се неопходни за метаболичките процеси, здравјето на кожата, нервниот систем, а човечкиот метаболизам не може да ги синтетизира.

Тие вклучуваат омега 3 и омега 6 масни киселини и тие се наоѓаат во морски риби (туна, харинга, лосос, скуша, сардина), ореви, ленено масло, ленено семе, масло од сусам.

Јадењето морска храна само еднаш неделно го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП