2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМерцедес прв во Гемранија кој смее да вози без возач

Мерцедес прв во Гемранија кој смее да вози без возач

Мерцедес е првиот што смее да вози без помош на возач, но само на одредени локации.

Станува збор за систем за автоматско паркирање кој сега е надграден со систем за автономно возење на ниво 4. Тоа значи дека возилото може да вози самостојно без надзор и помош на возачот.

Ова одобрение првпат е издадено во Германија, а моментално е достапно само во Штутгарт, поточно во гаражата на тамошниот аеродром. APCOA P6 е првата јавна гаража во светот што е дозволена за комерцијална употреба на системот за паркирање ниво 4.

„Првото одобрение во светот за користење на клиентите на нашата високо автоматизирана функција за паркирање без возач, развиена заедно со нашиот технолошки партнер Bosch, покажува дека лидерството во иновациите и „Made in Germany“ одат рака под рака“, вели Маркус Шефер, член на Управниот одбор на Mercedes-Benz Group AG и главен директор за технологија.

Во пракса тоа значи дека возилото оди само до паркинг просторот, како и враќање кај сопственикот кога ќе се повика. Целото управување е овозможено преку апликација за мобилен телефон со која корисникот на возилото ги извршува сите дејствија поврзани со паркирањето, вклучително и плаќањето. Услугата е достапна на моделите EQS и S-Class произведени по јули оваа година.

Упатените ќе се потсетат дека сличен систем беше воведен во 2019 година, две години по почетокот на развојот на системот за паркирање. Главната разлика е во тоа што тогаш употребата беше прилично ограничена на возила за тестирање, додека новото овозможува интеракција со возила во приватна сопственост, односно влегување на возила со автономно управување (ниво 4) во јавниот сообраќај.

Mercedes и Bosch планираат да ја прошират услугата на повеќе гаражи во Германија, а потоа услугата би се имплементирала и во другите европски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП