Ким Кардашјан даде сè од себе да ја совлада уметноста на одвраќање внимание во четвртокот вечерта на настан во Мајами, каде што се појави во крајно необично издание во обид да го испразни бесот од случувањата со поранешниот сопруг Канје Вест и скандалот во врска со нејзиниот омилен моден бренд „Баленсијага“.
Американските таблоиди објавија фотографии од Ким (42) со минималистички топ, кој ѝ ја разголува половината. Папарацаите ја уловија додека влегува во ресторанот „Геко“ заедно со сестра си Клои Кардашјан (38) за време на „Арт Базел Мајами“.


